ФОТО: УХМР почна да ја пречкртува „Северна“ на објавите за временска прогноза

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во 02 часот и 18 минути синоќа објава на Управата за хидрометеоролошки работи објави статус на друштвената мрежа Фејсбук во врска со грмежите во Македонија.

Внимание ни привлече тоа што од мапата пречкртано е „Северна“ од уставното име на државата. И тоа можеби немаше да биде вест, ако се случеше веднаш по промената на името односно потпишувањето на договорот од Преспа. Интересно е што по шест години од потпишувањето се презема ваков чекор од државна институција.

За споредба, актуелните технички министри од ВМРО-ДПМНЕ потпишуваа заклетвни и се фотографираат пред паноа на кои во позадина стои „Северна Македонија“.