Finance Think во соработка со UNICEF ги истражуваат различните димензии на сиромаштијата на децата во Северна Македонија – не само сиромаштијата што произлегува од ниски приходи на домаќинствата, туку и, на пример, ограничен пристап до образовни и здравствени услуги, живеење во несоодветни санитарни услови, дискриминација и др. Целта ни е да ја подигнеме свесноста на јавноста и носителите на одлуки и да предложиме добро-насочени политики и мерки за намалување на детската сиромаштија во земјата.
Со овој прашалник сакаме да идентификуваме луѓе кои потекнуваат од сиромашни домаќинства, но успеале да се издигнат себеси и своите семејства од сиромаштијата со стекнување соодветно образование. Нив ги сметаме за шампиони, за херои, кои изградиле кредибилитет, или меѓународно се истакнале, или, пак, се бават со професии кои општеството ги препознава и вреднува – професори, доктори, спортисти, уметници, новинари, истражувачи и други.
Finance Think Ве повикува, доколку Вие сте еден од овие Шампиoни, или знаете Шампион и имате желба да ја споделите инспиративната приказна во видео кое ќе го подготвиме и ќе се употреби за да го мотивира општеството да стимулира такви Шампиони, пополнете ги следните информации: