ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Монастир – Скопје, со вклучен чекиран багаж до 20кг.
» Аеродромски такси и сигурносни такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром.
» Локална асистенција и услуги на претставници на организаторот и локалниот тур оператор.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Оброк / пијалок во авион за време на летот.
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» туристички таккси - се плаќаат на рецепција во хотелите (8 TND за хотели со 3*, односно 12 TND за хотели со 4* и 5* по лице од ден. (1 EUR = 3,3 TND)
» Рано пријавување (Early Check Inn) или касно одјавување на собите (Late Check Out) - предмет на расположливост со можност за доплата на услугите на лице место во договор со одговорни лица на рецепција.
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:» Директно во нашите канцеларии;
» Во кеш со денарска уплата;
» Безготовински со платежна картичка (Visa, Master, Maestro, Diners)
» Електронски (онлајн) преку веб страна.
» Електронско плаќање со платежни картички, брзо и безбедно.
» Банкарски трансфер на некоја од нашите сметки;
» НЛБ, Халк, Стопанска, Комерцијална;
» Преку партнерската мрежа од агенции (субагенти);
» Преку административна задршка од плата;
» за компании, институции и синдикати со кои агенцијата има склучено договор.
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
- - -
EARLY BOOKING
Резерваци направени до 31.01.2025:
Резервирајте рано по најповолни цени со веќе вкалкулирани големи аранжмански попусти и користете дополнителни поволности!
АКЦИЈА 1: Резервации со уплата од само 10% депозит!
» Износот на уплатата се однесува по резервација (соба);
» 30% од вкупниот износ на резервацијата треба да се доплати најдоцна до 31.03.2025, додека целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање;
» Авансот во висина од 10% од вкупниот износ на аранжманот е нерефундабилен, но во случај на промена/отказ најдоцна до 30дена пред датумот на патување, износот може да се пренамени за друго патување од нашата летна чартер понуда;
АКЦИЈА 2: Резервации со 30% депозит - 5% дополнителен ПОПУСТ!
» За уплата при резервација од најмалку 30% од вкупниот износ - се одобрува дополнителен попуст од 5% на вкупниот износ;
» Доплата на целиот износ најдоцна 15 дена пред термин на поаѓање.
БОНУС ИЗНЕНАДУВАЊЕ
Резерваци направени до 31.01.2025:
Освен летување по одлични цени и услови, добивате и поклон вредносен ваучер за AURORA RESORT & SPA 5* (Берово) во висина од 50еур!
» Ваучерот се издава на направена резервација / пријава за аранжман (вредност по резервација, не по лице).
» Се користи исклучиво како вредност во сместување (пансионски услуги, не ресторански) во хотел Аурора Ресорт и Спа;
» Може да се искористи било кога во 2025 година на било кој пакет, ценовник или промоција, согласно расположливост;
» Ваучерот може да се даде на користење и на други лица;
- - -
* ПАТНИ ИСПРАВИ - Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на престојот во Тунис, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Тунис. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк. Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. "
Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
» Организатор на аранжманот е Аурора Турс.
ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА