• среда, 24 април 2024

Во Берово завршен настан од проектот „Економски активности на пограничните области“ Берово, Пехчево и Делчево

Во Берово завршен настан од проектот „Економски активности на пограничните области“ Берово, Пехчево и Делчево

Берово, 22 февруари 2024 (МИА) - Центарот за економски анализи денеска во Берово ги презентираше завршните наоди од теренското истражување „Република Северна Македонија - погранични економски активности со Република Бугарија: Запоставена димензија“. Истражувањето е дел од проектот „Економски активности на пограничните области“ и ги опфаќа општините Берово, Пехчево и Делчево.

Целта на проектот, како што истакна Марјан Николов, претседател на Центарот за економски анализи, е промовирање на социо економската кохезија, вклучувајки ја работата со млади луѓе, зајакнување на добрососедските односи, регионалната стабилност и меѓусебна соработка, како и социо-економска соработка.

- Сакаме да ја испитаме оваа запоставена димензија, бидејки независно од социо-економските предизвици и независно од политичките теми кои се наметнуваат од страна на политичарите и Владите, сепак граѓаните од овој пограничен регион комуницираат. И затоа сакавме да направиме подетални  испитувања, за што точно станува збор и интересно е на пример да се види како младите гледаат на оваа работа, да видиме што би можело да се препорача за овој микро-регион, односно за тие општини, рече Николов.

Од податоците опфатени со истражувањето, тој ја потенцираше просечната потрошувачка на услуга по посетител од Р.Бугарија, што изнесува 168 евра месечно за трите општини.

-Исто така како перцепција, луѓето кои се овде како приматели кои ја обезбедуваат понудата на побарувачката на посетителите од Бугарија, укажуваат дека можно е да се зголеми потрошувачката доколку се подобрат условите на патиштата во РСМ и според нив би можела да се зголеми потрошувачката и до 17 проценти во просек. Потрошувачката на посетителите од Бугарија  како процент од сопствените приходи на општините достигнува до три проценти по просек за трите општини, од вкупните годишни сопствени приходи на општините. Ние изработивме квартални извештаи за оваа работа која ќе бидат достапна на нашата веб страницата, додаде Николов.

Освен Центарот за економски анализи, во проектот како донатор е вклучена бугарската амбасада во РСМ и МВР на Република Бугарија, а во рамки на вклученоста во истражувањето, исклучителна помош во трите општини Пехчево, Берово и Делчево организаторот имал од младите лица кои живеат во тие општини, како и самите испитаници, меѓу кои стоматолошки ординации, продавници, ресторани, хотели кои дале свој удел во изготвувањето на информациите „што значи оваа запоставена димензија“ и што би можела во иднина да значи за овој мигро регион.

- Ние би сакале овие три општини да го зголемат нивото и интензитетот на соработка што ќе биде наменски во смисла да се обезбедат услови, бидејки како што посочуваат стоматолозите, бензинските пумпи и таксистите дека има можност во овој регион и за здравствен туризам. И самото истражување покажува дека капацитетите се тука, интерес постои и тој може да се зајакне и со поголем промет од страна на бугарските државјани доколку општините го обезбедат амбиентот. Доколку заедно настапат извлекувајки го интересот од тоа, мислиме дека сме успеале во интересот од ова, тогаш ќе бидеме спремни да помогнеме во меѓуопштинска или друг вид соработка во овој микро или во целиот плански регион што ќе го разгледаме како можност, додаде Николов.

На настанот присуствуваше и Красимир Драгнев од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, кој рече дека по истражувањето на ЦЕА има неколку елементи кои можат да се гледаат како перспективи за двете земји.

-Трговската размена за 2023 година според статистиката во Бугарија, меѓу РСМ и Република Бугарија изнесува 1 милијарда и 365 милиони евра, како и секоја година таа бројка расте. Бугарија на пазарот во РСМ најмногу извезува традиционално нафта, масло, железо, гас, електро, енергија, машини, трансформартори, производи за електроенергија, пластика, игри за казина, стакло, дрво итн, а прироритет имаат енергетските производи. Бугарските инвестиции во Македонија за 2022 година натфрлуваат 270 милиони евра, не изгледаат многу, но се во сериозен размер, а македонските инвестиции во Бугарија се во износ од околу 7 милиони евра, истакна Драгнев. 

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кој учествуваше на настанот и доби благодарница за придонесот кој Општина Берово го имаше во спроведување на проектните активности, потенцираше дека иако најголем бенефит според истражувањето има Делчево, кој со својот граничен премин е најблиску до Република Бугарија и е град кој е најчесто посетуван од бугарските државјани, тој процент може да се смени доколку во догледно време биде отворен граничниот премин Клепало.

-Тие бројки во тој случај ќе бидат пропорционално поизедначени. Околу видот на услугите и нивното влијание од пристигнатите приходи врз сопствените примања во Општината се мали. Многу мал вид на влијание би имале тие видови на услуги, а инаку морам да признааам дека сите тие посетитетли влијаат врз локалната економија. Ја поздравувам вашата идеја е  за формирање на микрорегион, но за ваша информација ние веќе имаме формирано локална акциска група Малеш - Пијанец која е регионална од трите општини, работи активна е и имаме на повидок проекти кои се остваруваат во рамки на нејзината работа, рече Пекевски.

Претставникот од Делчево, Билјана Прачкоска, која е секретар во Општина Делчево додаде дека благодарение на граничниот премин, Делчево е привилегирана Општина, бидејки многу трговски гранки се развиваат.

-Угостителската дејност е во подем се отвораат нови услужни дејности. Како резултат на зголемената побарувачка зголемен е бројот на трговски ланци кои порано не беа присутни. Драго ми е што имаме едно такво позитивно искуство со истражувањето кое го имате направено и резултатите кои може да се споделат на овој завршен настан, рече Прачкоска.

Оценка околу споделените резултати од истражувањето даде и претставничката на Општина Пехчево, Елица Јовевска, која рече дека соработката со Општините Берово и Делчево е одлична, но околу придобивките од посетителите од Република Бугарија посочи дека тие ќе зависат од отворањето на нови туристички капацитети со кои во моментот „кубури“ Општина Пехчево.

- Имаме многу туристички локалитети вредни за посета, но немаме сместуваччки капацитети, бидејки секој кој сака да го посети Пехчево треба да отседне или во Берово или во Пехчево. Затоа што туристите не дека не сакаат да дојдат, туку немаат услови да дојдат. Имавме Хотел кој работеше до пред ковид пандмеијата, но потоа се затвори и тие 30, 40 легла се затворија. Затоа велам дека проблемот е можеби во инвестирањето на луѓето во туритстички капацитети. Се надевам дека најавата за отворање на сместувачки капацитети на туристичкиот локалитет Равна Река ќе биде некоја појдовна точка за привлекување туристи од нашите соседни земји, рече Јовевска.

Во однос на работењето на граничните премини, Горан Георгиев, началник на Регионалниот центар за гранични работи Исток рече дека протокот на сите три гранични премини со Бугарија (Деве Баир, Ново Село и Делчево) е зголемен, размената на стоки се одвива непречено, а поради реккнструкцијата на граничниот премин Станке Лисичково - Делчево, очекува во иднина уште повеќе да се зголеми протокот на патници и размена на стока помеѓу двете држави. вс/цр

 

Фото: МИА

Остани поврзан