LOADING

Type to search

Повик за практиканти – млади новинари за ЕУ

„Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ „Медиумите за ЕУ“ -- Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ Актуелно ЕУ за граѓаните, активно граѓанство и јавен интерес Ние & Јавност Процес на пристапување во ЕУ Работни програми Соопштенија

Повик за практиканти – млади новинари за ЕУ

Share

Евротинк – Центар за европски стратегии во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“ објавува повик за млади новинари – практиканти при подготовка на теми наменети за евроинтегративните процеси на Р.С. Македонија.

 

За кого е наменет повикот:

Повикот е наменет за млади луѓе до 30 години кои се новинари на почетокот на кариерата, студенти по новинарство, студенти на општествени науки или млади кои имаат желба да се занимаваат со истражување или медиуми.

 

Целта на проектот е да се надградат медиумските капацитети за покривање, следење и испитување на преговарачкиот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ. Истовремено, со тоа граѓаните да се запознаат, едуцираат и да се анимираат за процесот кон полноправно членство на Р. С. Македонија во ЕУ.

 

Времетраење на ангажманот:

Ангажманот на практикантите е со времетраење од 4(четири) месеци.

 

Права и обврски на кандидатите/практикантите:

Практикантите ќе добиваат надоместок (хонорар) за секој одобрен и објавен новинарски материјал на тема ЕУ. Со секој селектиран кандидат ќе работи ментор, новинар-уредник кој ќе го води практикантот во процесот на создавање на новинарскиот материјал. Уредувањето и финализирањето на медиумскиот продукт до објавувањето ќе го води менторот.

 

Потребни вештини:

Кандидатите треба да имаат основни компјутерски вештини, познавање за интернет пребарувања, добра работна етика и да се подготвени за тимска работа. Задолжително е познавањето на англискиот јазик.

 

Начин и рок на аплицирање:

Заинтересираните треба да испратат работна биографија (CV) и мотивациско писмо најдоцна до 29.02.2024 до 16ч на електронската адреса: eurothink@eurothink.mk