08.04.2024

Стартува нова Авантура на Осоговските Планини: Возбудливи ATV Тури за групи од 6 до 10 лица!

Стартува нова Авантура на Осоговските Планини: Возбудливи ATV Тури за групи од 6 до 10 лица!

Со доаѓањето на пролетта и првомајските празници, новата сезона на ATV турите на Осоговските планини носи невидена возбуда и авантура. Почнувајќи од 1-ви мај 2024 година, вашиот пат до незаборавни искуства тимот на Кајак.мк го надополнува со нов предизвик на Осоговските Планини.

Цените на турите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.


Заедно со M Adventures започнуваме со организирање на разни АТВ тури кои може да траат од еден час до целодневно истражување. На ваквите АТВ тури може да се пријават групи од 4 до 10 лица, а за секој од присутните има обезбедено кацига и видеозапис со GoPro.

Искуството се збогатува со професионално снимени моменти од вашата авантура, меморирани со дронови и професионални апарати.


За оние кои сакаат да продолжат со авантурата, понуден е и кампинг пакет со целосно опремени шатори, удобни лежалки и сè што е потребно за идеално кампување под ѕвездите. Комбинирајте ATV возење со кампување и заштедете, додека уживате во природата и авантурата.


Турите ќе ве носат низ живописните локации на Осоговските планини, како што се Св. Јоаким Осоговски, Калин Камен, Руен и Царев Врв. Турите започнуваат од Крива Паланка, каде што авантурата добива ново значење со секој чекор напред.

Максималниот број на лица кои може да бидат во група е до 10 луѓе, каде секоја авантура е прилагодена на вашите желби и можности.

Повеќе информации, фотографии, цени и опција за он-лајн резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Рустично планинско сместување на 900 мнв во регионот Полаки

Дали некој од вас слушнал за регионот Полаки, кој се наоѓа на 15 километри од Кочани, на Осоговските планини и на 900 метри надморска височина?

Во Македонија има вила на 1020 мнв која ви гарантира вистински спокој

Вилата располага со три спални соби, секоја со брачен кревет, а дополнително има и две поединечни кревети, со максимален капацитет од 8 лица. Секоја соба е опремена со удобни кревети и совршено чиста постелина, нудејќи поглед кон шумата.

Рустична Викендица на Реката Пчиња: Во близина на Бислимска Клисура

Викендицата се наоѓа во с. Пчиња, Кумановско и е на само неколку чекори од Бислимската Клисура, што ви овозможува одлична шанса за истражување на овој природен рај.

Нови апартмани на Велешко езеро достапни на Кајак.мк

Околината е богата со различни атракции и места за прошетка. Можете да уживате во ресторани и кафулиња покрај езерото Младост кое е одлично место за рекреација и релаксација.

Прв логорски оган организиран на тим билдинг патување

Замислете си акустична гитара, добро подготвен простор со столчиња за цела компанија вработени, пијалоци и оган кој ќе ја стимулира свежината на беровските ноќи?

Тим билдинг со вистинско селско гастрономско искуство

Еднодневно патување кој ни резултураше со многу забава и насмевки. Самите набравме зеленчук дирекно од бавчата, сами подготвивме сала и уште што не.