Потребно време за пополнување на прашалникот: ~5 минути
Овој прашалник е дизајниран за потребите на истражување на задоволството на корисниците на велосипедската инфраструктура и бенефициите за велосипедистите кои ги нудат општините од Скопскиот плански регион.
Целна група на ова истражување се сите кои ја користат велосипедската инфраструктура (велосипедски патеки, паркинзи итн.) или користат било какви бенефиции наменети за оние кои го користат велосипедот како превозно средство и кои живеат или се движат низ Скопскиот плански регион.
Овој прашалник е составен од шест дела и секој дел содржи упатство за пополнување и подетално објаснување на важните концепти опфатени во истражувањето. Податоците од овој прашалник ќе бидат искористени само за потребите на ова истражување и Вашиот личен идентитет ќе биде заштитен.
Бидејќи во овој прашалник ќе одговарате за една општина по Ваш избор, прашалникот може да се пополни повеќе пати од едно лице, но за различна општина.
Ви благодариме однапред што учествувате во и придонесувате кон ова истражување.
Со почит,
Тимовите на Одржливи иницијативи и НаТочак
***
Оваа активност е во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“, спроведуван од страна на Еко-свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници - МЗПМ и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓе – ЦНВП Македонија. Изразените ставови и мислења се на авторот/ите и грантистот и на никој начин не ги одразуваат позициите и ставовите на Еко-свест и на донаторот – Владата на Шведска